Мерката беше најавена како дел од деветтиот владин пакет со антикризни мерки. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири информираше дека се очекува околу 15 илјади студенти да го искористат ова право до крајот на тековната академска година.
Во студентските кругови задоволството е големо, затоа што во време кога сè
уште се чувствува влијанието од глобалната економска криза, дополнителната поддршка од државата и тоа како е добредојдена.
уште се чувствува влијанието од глобалната економска криза, дополнителната поддршка од државата и тоа како е добредојдена.
Освен оваа мерка, МОН заедно со Министерството за економија предвиде и доделување на ваучери за околу 3-4 илјади студенти кои ќе ги користат за посета на домашни туристички дестинации. За оваа цел се предвидени 64 милиони денари.
„Грижата за студентите постојано расте. Актуелната влада воведе низа мерки кои во минатото не постоеја, а кои се од голема важност за поддршка и насочување кон суштината на образовниот процес, а тоа е стекнување на што повеќе и поквалитетни знаења“, велат од МОН.