четврток, 19 септември 2024

„Мој народе“, нова песна на „Меморија“ (АУДИО)

Пред големиот скопски концерт кој легендараната „Меморија“ веќе наголемо го најавува на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, групата го издаде и третиот сингл,  како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава.

 

Објавено на

часот

Сподели

Новите песни  излегуваат една по една во етерот, па така по рок баладата „За тебе“ и рок ен рол медлито со патриотски рефрени кое се појави под името „Македонски бисери“,  еве уште едно ново парче музика, кое во себе има патриотска содржина, но за разлика од обработките, е целосно ново авторско дело.

Новата песна носи наслов „Мој народе“ и во себе го има вткаено националното чувство, чувството за припадност на еден народ, желбата да се биде свој, а сепак дел од современиот свет… И сето тоа спакувано во стихови и музика која се одликува со рефрен кој наликува на „патриотска стадионска  химна“.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а истата е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски се и продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа, а „Мој народе“ засега само во аудио верзија можете да ја слушнете во продолжение:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ