„Сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција. Проектот МКарта е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на државата или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка“, пишува во повикот на МНР.
Проектот МКарта е замислен да ги вмрежува успешните луѓе од дијаспората, кои ќе бидат вклучени во креирањето политики и носењето одлуки за развој на општеството со добивање поддршка од домашните институции за да почнат свои бизниси во Македонија. Идејата е во проектот да се вклучат успешни бизнисмени, научници, лекари, информатичари, спортисти…
До сега вакво признание им е доделено на 69 македонски државјани од дијаспората. За нив има и одредени привелегии како што е можноста при влегување во државата да користат забрзан премин на аеродромите во Скопје и Охрид.
Друга цел на проектот е да се спречи одливот на мозоци од државата.