недела, 20 октомври 2024

Министерството за правда предлага закон за канцеларија за поврат на имот

Со новиот закон,чиј предлагач е Министерството за правда , канцеларијата за поврат на имот ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон.

Објавено на

часот

Сподели

Со неговото донесување и функционирање на канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство.
Со законот се уредува основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци.

Предлог законот ќе врезе во собраниска процедура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ