недела, 20 октомври 2024
По веста дека првоосомничениот е приведен во Турција

Министерството за правда ја подготвува документацијата за барањето екстрадиција на Палевски

Со почетокот на работното време во Министерството за правда почнаа подготовките за спроведување на постапката за екстрадиција, односно во текот на денот треба да биде подготвено барањето до турските власти за испорачување на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Баликесир во Турција, велат во Министерството. Во моментов се собираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција и кога сѐ ќе биде подготвено, можно е министерот Кренар Лога тоа да го соопшти на прес-конференција, велат во Министерството.

Објавено на

часот

Сподели

Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство, кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.

Ова се последните информации што вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и на 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела  – грабнување и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршувањето на кривичното дело грабнување малолетно лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ