„И ова докажува само едно – дека во никој случај не сме тргнале од принципот на партиска припадност, туку од принципот дека граѓаните ги ставаме на прво место, односно придобивки да имаат граѓаните и само граѓаните. Со најголема искреност изразуваме подготвеност до Општина Сарај предводена од ДУИ, да им помогнеме во подготовката на проектите, затоа и рокот за аплицирање е продолжен за уште еден месец за да можат граѓаните да имаат корист од овие проекти.
Ние како Министерство ќе бидеме на услуга на Општина Сарај со сите наши капацитети, со кадровски и стручни лица, односно со сиот наш административен потенцијал да им помогнеме да креираат добри и квалитетни проекти и да ги добијат во корист на граѓаните. Повторуваме не ни е важно кои се градоначалници на општините, за нас е важно жителите на Сарај да имаат придобивки и да им се решат проблемите и да имаат подобра инфраструктура и да имаат повисок стандард за живеење.
Не нè интересира партиската припадност на градоначалниците на општините, ние сме заинтересирани да помогнеме што е можно повеќе средства да стигнат до секој Албанец и до секој граѓанин во Северна Македонија“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.