Ние, како што рече, би сакале да почнеме со нашиот пример во ресорното министерство, односно на оние органи кои се поврзани со Министерството за јавна администрација, а ќе се однесуваат на кратење на дел од управните одбори.
Одговарајќи на новинарско прашање за реформите во јавната администрација, Минчев рече дека најавените закони се очекува да бидат во валдина процедура на крајот на годината, а во собраниска процедура на почетокот на јануари идната година.
„Имавме отворена дебата каде ги вклучивме сите заинтересирани страни и таа заврши во матичната комисија во Собранието, кое е надлежно за овие закони. Токму овие настани кои се одржуваат, почнувајќи од Љубљана во Тирана, а завршуваат на крајот на оваа година во Скопје, се уште еден показател за намерата на Министерството за јавна администрација да го отвори овој процес, не само внатрешно, туку и меѓународно. Да воспостави една платформа на регионална соработка во која ги би ги црпеле искуствата и од земјите во регионот. Нашите предвидувања се дека овие стратешки закони би биле пратени во владина процедура до крајот на оваа година, а се надевам дека во собраниска процедура ќе се најдат кон почетокот на јануари идната година, изјави министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација од вечерва е домаќин на дводневна конференција на министерско ниво на земјите членки на Западен Балкан, под покровителство на Регионалната конференција за јавна администрација (ReSPA). Од овој настан се очекува да произлезат заклучоци и стратешки документи со кои, посочи Минчев, јасно ќе го наведеме нашиот пат кон идните реформи во јавната администрација.
„На маргините на оваа конференција, која ќе трае два дена, вечерва ќе се одржи состанок на Управниот одбор на министерско ниво, на министрите од регионот, на кој очекувам да се донесат неколку значајни документи, заклучоци: Годишниот извештај на (ReSPA), кој се однесува на периодот од 18 октомври 2023 до 18 октомври 2024 година, стратешката ориентација која е координирана со нашите европски паретнери за 2025 до 2030 година и Буџетот на конференцијата ReSPA, кој се однесува на 2025 и 2026 година. Очекувам потпишување или усвојување на заедничка изјава на министрите од регионот, со која јасно ќе наведеме за нашиот план кој следи во наредниот период, односно зголемен интензитет на регионална соработка, практично платформа која ќе ја донесеме на овој состанок со кој ќе ги прецизираме нашите позиции кон нашиот пат кон ЕУ“, појасни Минчев.