Македонија е јасен фаворит на овој натпревар, но селекторот Милевски предупредува дека нема да биде лесно.
„Фарски Острови има квалитет и ќе бидат тежок противник. Нашата цел е првото место во групата и тоа е јасно, мораме да го дадеме својот максимум за да не зависиме од тоа како ќе одигра противникот. Станува збор за селекција која во минатото издание ја победи Турција и тоа воопшто не е мала работа“, вели Милевски.
„Временските услови се такви какви што се. Токму затоа дојдовме еден ден порано, се надевам ќе бидеме спремни“.
Натпреварот меѓу Фарски острови и Македонија се игра утре (сабота) од 15 часот.