„Јас често пати зборувам јавно, јасно и гласно дека наместо кукавички да бегаат најголемата анкета е соочувањето со народот. Можеби јас не ја говорам вистината можеби овие објективни јавни мерења не се точни можеби тоа што тие го креираат штапски е точно, има еден начин да покажеме какви се вистинските бројки а вистинските бројки се кажуваат на избори. Повторно ќе ги повикам кукавиците од СДСМ да се соочат јавноста да не се кријат и да излезат и од таа анкета нема бегање. Дали ние како ВМРО-ДПМНЕ или тие како СДСМ ќе го дознаат вистинскиот резултат и вистинските бројки.
Што се однесува до помирувањето ние немаме проблем со никого да седнеме да разговараме ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија подава рака секому, ние помниме, не забораваме, но простуваме, а за криминалците во политиката помирување ќе има тогаш откако најпрвин ќе се соочат со одговорност за криминалот и за сето тоа што го направија на овој народ и на Македонија како држава. Дури откако ќе се соочат со таа одговорност може да седнеме и да разговараме за било какви понатамошни помирувања, до тогаш тоа е само желба на тие политички криминалци, кои што на грбот на овој народ станаа од под просечни бизнисмени, просечни бизнисмени па и милионери“, нагласи Мицкоски.