вторник, 26 ноември 2024

Mицкоски до Пендаровски: Кога ќе станеш претседател на СДСМ ќе дебатираме, а сега да ѝ се извиниш на Сиљановска

Објавено на

часот

Сподели

„Откако имав дуел со Ковачевски, а после дуелот јадниот Ковачевски не знаеше вратата да си ја најде од Канал 5 телевизијата каде што бевме, сега му текнало на Пендаровски да бара дебата со мене. Може ќе му текне и на Зечевиќ Миле и на Маричиќ Бојан, може и на оној Јово Деспотовски кој што е претседател на СДСМ во најава. Јас немам проблем од дуели и дебати, но за Стево да ја добие таа чест да имаме дуел и дебата, откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај, ќе треба да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија. И во тоа се сомневам дека ќе биде после овие избори на 8 мај и тука повторно да излаже, затоа што нели еднаш рече дека ако не е претседател, тогаш и тој ќе се исели од Македонија. Сега и тоа ќе го излаже, ама добро, еве ќе му простиме бидејќи е претседател во најава во СДСМ и тогаш може да седнеме и да дебатира со идниот премиер на Македонија и да зборува каква е состојбата во Македонија“, рече Мицкоски. Тој додаде дека пред да дојде до таа точка, Пендаровски треба да ѝ се извини и на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова за навредите што ги упати кон неа, но и да престане да биде измеќар на Али Ахмети и Артан Груби.

„Што сега Стево Пендаровски треба да направи за да дојде до таа чест и таа улога? Најпрвин треба да престане да изигрува балкански мачо маж, да навредува дама со голем кредибилитет, со голем авторитет како што е професорката Гордана Сиљановска-Давкова, да кажува дека не ја видел и да се извини. Треба да излезе и да се извини затоа што се служи со навреди, а потоа наместо да биде маж кој навредува дама, да престане да биде измеќар на Артан, Али и останатите. Барем по нешто паметно да го запаметиме овие 5 години и да престане да биде слуга на Али и да коленичи во Мала Речица“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека нема намера понатаму во кампањата да се занимава со Пендаровски и дека граѓаните треба да му помогнат на истиот, на 24 април да си ги спакува куферите и на 8 мај да се исели.

„Во понатамошниот дел од кампањата немам намера да се занимавам со Стево Пендаровски бидејќи тој секако вчера во Делчево кажа, запамтете го добро и ниту еден граѓанин во Македонија не смее да го заборави тоа. Ако не го гласате, очи не сакал да ви види. Тоа го кажа вчера Стево Пендаровски. Ако не ме гласате очи не сакам да ви видам и нема да ви дојдам во вториот круг. Ќе дојде овде во Струмица и потсетете го. Ако не го гласате дали ќе сака да ви ги виде очите? А не прашува дали вие сакате очите да му ги видите. Ајде да помогнеме на 24 април да си ги спакува куферите и на 8 мај да замине“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ