среда, 27 ноември 2024

Меѓународна агенција за атомска енергија: Иран продолжува со збогатување ураниум

Иран ја зголеми стапката на збогатување ураниум до 60 отсто чистота и се приближува до нивото потребно за развој на нуклеарни бомби, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, изјави дека Иран „во текот на изминатите неколку недели го зголеми своето производство на збогатен ураниум, откажувајќи го претходното намалување на производството од средината на 2023 година“.

Ураниум збогатен до 60 отсто чистота е само на чекор од 90 отсто потребни за производство на оружје.

Агенцијата за атомска енергија потврдува дека од крајот на ноември 2023 година, стапката со која Иран произведува ураниум збогатен до 60 отсто во двата капацитети во Натанц и Форд е зголемена на приближно девет килограми месечно во споредба со три килограми месечно од јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ