вторник, 26 ноември 2024

Меѓународен научен собир по повод 80 години од Првото заседание на АСНОМ – Антифашизмот меѓу меморијата и заборавот

Од 13 до 15 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност и Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе се одржува Меѓународен научен собир, на тема – Антифашимот помеѓу меморијата и заборавот (по повод 80 години од Првото заседание на АСНОМ).

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата на научниот собир е во соработка на Институтот за национална историја на Македонија, МАНУ и Државниот архивот на Македонија, како и УКИМ.

Свеченото отворање на научниот собир ќе биде утре, на 13 ноември, од 11 часот, со поздравни говори на: Митко Панов, директор на Институтот за национална историја; Билјана Ангелова, ректорка на Универитетот „Свети Кирил и Методиј“; Живко Попов – претседател на Македонската академија на науките и уметностите ; Наташа Котлар- Трајкова , директорка на Државниот архив на Македонија .

Свои обраќања на отворањето на научниот собир ќе имаат и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како и премиерот Христијан Мицкоски.

Во работниот дел на собирот, со свои трудови ќе учествуваат професорите: Владо Камбовски, Владо Поповски, Билјана Поповска, Љубица Јанчева, Драгица Поповска, Александар Литовски, Ѓорѓи Чакарјаневски, Ѓорѓи Малковски, Рубинчо Белчески, Катерина Тодоровска, Зеќир Рамчиловиќ, Иванка Василевска, Арпад Хорњак, Роберто Трајковски, Роберт Бојаџиевски, Душан Бојковиќ, Марјан Иваноски, Марјан Гијовски, Виолета Ачкоска, Невен Радически, Јетон Доко, Љубен Тевдовски, Александар Манојловски, Владимир Караџоски, Игор Јуруков…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ