Актуелниот договор на Мбапе истекува во јуни 2024 година, тој е со опција да биде продолжен до 2025. Фудбалерот писмено го известил клубот дека нема да ја искористи таквата опција.
ПСЖ е лут на одлуката на Мбапе и сака да го продаде ова лето, за следното да не си замине бесплатно. Но треба на нивната адреса да стигне вистинска понуда.
Многумина сметаат дека Мбапе ова го прави со цел да си оди уште ова лето, но јавно тој негира.
„Не побарав од ПСЖ да си заминам или да одам во Реал Мадрид. Само му кажав на клубот дека нема да ја активирам опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година. Со задоволство би останал во ПСЖ следната сезона“, вели Мбапе.
Во ПСЖ многу се разочарани од одлуката на Мбапе, особено од тоа што неговото писмо до клубот излезе во јавноста.
Се чини дека на Мбапе многу брзо му стана јасно дека погреши што потпиша нов договор со ПСЖ, бидејќи на негови години, со неговиот талент треба да игра во подобра лига од француската.