недела, 10 ноември 2024

Прекинато судењето за двојното убиство на Вања и Панче, новото рочиште закажано за 13 ноември

Со испитување на двајца од петте предвидени сведоци, заврши денешното рочиште на судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

Судијата Ивица Стефановски го прекина денешното рочиште, а наредното го закажа за 13 ноември.

Во продолжението, т.е. во вториот дел од рочиштето, началникот на единицата за насилен криминал во МВР, Дејан Димовски одговараше на прашањата на одбраната, кои главно беа насочени кон тоа дали – полицијата во текот на истрагата се здобила со доволно докази, дали истрагата е спроведена строго според закон и дали сведочењето на Димовски се базира врз конкретни докази, или врз негови сомнежи и уверувања.

Обвинетиот Љупчо Палевски го праша сведокот Димовски дали полицијата при истрагата успеала да собере докаи со кои ќе се покаже дека тој, Палевски се познавал лично со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и дека комуницирал со него во врска со убиството на ќерка му.

Во првиот дел од рочиштето, сведокот Димовски говореше како полицијата го открила телото на убиената Вања Ѓорчевска.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ