Убедливиот пораз од Манчестер Сити од 3-0, внесе многу немир и нервоза кај Баерн Минхен. А кулминацијата се случила со физички напад меѓу фудбалери од тимот.
Наводно, се случила тепачка меѓу Садио Мане и Лирој Сане. Мане бил лут затоа што Сане со висок тон му се обратил за време на мечот, расправијата почнала уште на теренот, а завршила во соблекувалната.
Со соблекувалната Мане го удрил Сане по уста. Сане потоа бил отстранет од соблекувалната со цел да се смири атмосферата, па се вратил откако спласнале страстите.
Дополнителна нервоза кај Мане предизвикал и фактот што од клупата за резерви го почна натпреварот.