Резултатот го отвори Родри со прекрасен гол во 27. минута од натпреварот. Со предност на Сити од 1-0 заврши првото полувреме.
Во вториот дел Упамекано влегуваше од грешка во грешка, како да не беше присутен на натпреварот, а тоа го чинеше Баерн Минхен уште два примени голови.
Дефанзивецот на Баерн направи несфатлива грешка во 70. минута кога Бернардо Силва даде гол за 2-0.
Шест минути подоцна гол даде и Халанд и ги постави конечните 3-0.
Голема, огромна предност на Манчестер Сити пред реваншот во Минхен.