петок, 18 октомври 2024

Манчестер јунајтед го чува четвртото место, Челси одигра реми против Нотингем

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед дојде чекор поблиску до заверка на четвртото место во Премиерлигата. Денеска со голови на Марсијал во првото полувреме и Гарначо во самиот финиш од мечот го победи Вулвс со 2-0.

Нотингем форест поведе во 13. минута на Стемфорд Бриџ против Челси со гол на Авонији, но работите се променија рано во второто полувреме.

Стерлинг даде голови во 51. и 58. минута за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1. Но само четири минути подоцна Авонији повторно постигна гол за конечни 2-2.

Астон Вила со 2-1 го совлада Тотнем. Ремзи и Даглас Луис ги постигнаа головите за домаќините, Кејн во 90. минута од пенал успеа само да го ублажи поразот.

Митровиќ се врати со гол, тој беше еден од стрелеците за Фулам на гостувањето кај Саутемптон за победа од 2-0. 

Со 2-0 славеше и Кристал Палас над Борнмут. Претходно Лидс и Њукасл одиграа 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ