среда, 27 ноември 2024

Малдини објасни зошто Милан го купи Де Кетеларе, а не Дибала

Објавено на

часот

Сподели

Милан даде 35 милиони евра за да го купи Де Кетеларе, но белгискиот фудбалер не покажа ништо во првата сезона на Сан Сиро. Малдини смета дека не направиле грешка кога одлучиле да го купат него, наместо Дибала.

„Де Кетеларе е пример на фудбалер кој треба да напредува. Ќе беше полесно и поевитино за нас доколку го купевме Пауло Дибала на стартот од сезоната. Но дали тој ќе беше вистински играч за нашиот проект? Дали ќе беше соодветен на политиката која ја имаме со сопствениците? Не“, вели Малдини.

„Нашата идеја и желба е да градиме млад и талентиран тим. Ризично е кога купуваш млади играчи. Тонали се мачеше првата сезона, истото сега е и со Де Кетеларе. Но тоа е нашата идеја за фудбал, нашата идеја за инвестиција“.

„Тоа е политика направена заедно со сопствениците. Ако сакав посилен состав, ќе одберев други играчи на пазарот. Ние имаме проект кој го развиваме заедно. Потребно е време. Знаеме дека сме Милан. Кој подобро од мене ја знае големата историја на клубот?“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ