Видеата и фотографиите од местото на настанот го покажуваат авионот во пламен и чад откако се урна на меѓудржавниот автопат 75 во близина на Неапол, на брегот на Мексиканскиот Залив. Авионот на автопатот удрил во автомобил и камион. Во авионот имало пет лица, според НТСБ и Федералната управа за авијација.
A small plane crashed on Interstate 75, near Naples, Florida, on Friday. The plane, a Bombardier Challenger 600, carried 5 people, the Federal Aviation Administration confirmed. pic.twitter.com/o6C8tzwfuJ
— Daphne Tolis (@daphnetoli) February 9, 2024
Портпаролката на полицијата Моли Бест изјави дека три лица од авионот преживеале, две лица загинале. Но, таа не кажа дали двајцата загинати се од авионот или од возилата. Не е наведен бројот на луѓе кои се возеле во погодениот автомобил и камион.