Македонија со убедлив пораз го почна денот, Магдалена Стоилковска освои само три гејма против Лаута Хиетаранта која победи со 6-1 и 6-2.
На 1-1 изедначи нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која со 2-1 во сетови ја совлада Анастасија Куликова, 2-6, 6-2 и 6-4.
Речавачки беше мечот во двојки во кои Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со убедливи 2-0 беа подобри од Лаута Хиетаранта и Анастасија Кулкова, 6-4 и 6-1.
Утре во четвртото коло Македонија игра против селекцијата на Исланд, меч во кој сме големи фаворити.