По срамното издание против Холандија, фудбалерите на Канатларовски денеска ја исполнија целта и ги освоија трите бода од мечот со Гибралтар.
Двата погодоци беа постигнати во првото полувреме. Најпрво Крстевски во 24. минута донесе водство за Македонија, а на три минути пред паузата Адеми ги постави конечните 2-0 за Македонија.
Од осум одиграни меча Македонија собра девет бода, зад нас се Молдавија и Гибралтар, а пред нас Холандија, Грузија и Шведска.