сабота, 30 ноември 2024

Македонија со убедливи 3-0 го победи Исланд

Објавено на

часот

Сподели

Прва на теренот се појави Магдалена Стоилковска која со само еден загубен гејм 6-1 и 6-0 беше подобра од Ана Софија Гронхолм. Мечот траеше 56 минути.

Следуваше настап на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која со 6-2 и 6-0 беше подобра од Софија Солеј Јонасдотир. Со триумфот на Лина поведовме 2-0, тоа значеше дека мечот во двојки може да влијае само на конечниот резултат, но не и на победникот.

Поради тоа, за Македонија настапија Ива Данева и Александра Симева кои со 6-3 и 6-3 го совладаа Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир.

Македонија досега има максимални четири победи, утре во последното коло од групата Б игра против селекцијата на Молдавија која има три победи и еден пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ