Мајами ја доби финалната пресметка во источната конференција, Бостон беше на победа до креирање на историја, требаше да станат првиот тим кој добил плејоф дуел иако имал негатива од 3-0, имаа голема шанса тоа да го направат пред своите навивачи, но не успеаа.
Бостон имаше само одличен старт на натпреварот, поведе со 5-0, на Мајами му требаа речиси три минути за првиот кош, но потоа ги зема работите во свои раце и уште во првата четвртина направи предност од седум поени разлика, 22-15, на полувремето имаше зголемено водство од 52-41.
Во вториот дел Бостон кога и да се доближеше, Мајами имаше брз одговор и не дозволуваше домаќините да се вратат комплетно во мечот, на крајот победија со 103-84 и закажаа финале со Денвер.
Батлер постигна 28 поени, најдобар беше Мартин Калеб кој игра во одлична форма во овие натпревари, тој реализираше 26 поени и имаше десет скокови, Адебајо имаше 12 поени и 10 скокови. Во составот на Бостон, Браун постигна 19 поени, а Тејтум скромни за него 14 поени.