четврток, 28 ноември 2024
Пригожин се согласил

Лукашенко ја запре групата Вагнер

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко разговарал со Пригожин, по разговорот и според договорот со рускиот претседател Владимир Путин, јавуваат белоруските медиуми блиски до раководството од Минск.

Како што соопшти прес-службата на Лукашенко, Пригожин се согласил да го запре движењето на Вагнер на територијата на Русија и се согласил да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензиите.

Шефот на Вагнер, Јевгениј Пригожин објави аудио порака на апликацијата Телеграм во која потврди дека неговите борци ќе се вратат во базата за да го спречат крвопролевањето во Русија.

„Тие сакаа да го распуштат Вагнер. Маршот на правдата го закажавме за 23-ти јуни. За еден ден стигнавме на помалку од 200 километри од Москва. За тоа време не пролеавме ниту една капка крв од нашите борци. Сега е моментот кога може да дојде до крвопролевање. Сфаќајќи ја целосната одговорност за фактот дека ќе се пролее руска крв, ние ја вртиме војската и одиме во спротивна насока кон нашите бази“, рече Пригожин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ