недела, 20 октомври 2024

Лога му одговори на Судскиот совет: За едни сте морков , а за други стап за доделување моќ

Објавено на

часот

Сподели

„Сите овие месеци откако ја презедов одговорноста да бидам носител на функцијата министер за правда, од нив имам побарано само да го почитуваат законот и ништо друго. Во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат. Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ. Одредени членови на Судски совет се свесни дека е време да си заминат дома, а исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот. Одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè. Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници. Пoчитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност!“, се вели во реакцијата на Лога. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ