петок, 18 октомври 2024
Големиот Сем ќе добие добар бонус ако клубот остане во Премиерлигата

Лидс му даде отказ на Хави Гарсија, Сем Алардајс ќе ги спасува од испаѓање

Објавено на

часот

Сподели

По само 12 натпревари на кормилото, Лидс му врачи отказ на Хави Гарсија поради лошите резултати кои ги имаше тимот.

Клубот потврди дека во преостанатите четири натпревари Сем Алардајс ќе биде нов тренер на тимот.

Според англиските медиуми, Алардајс ќе добие плата од 500.000 фунти за овој период, но ќе добие бонус од 2.5 милиони фунти доколку Лидс остане во Премиерлигата.

Лидс во моментов е на 17. место на табелата во Премиерлигата, има ист број бодови како и Нотингем форест кој е последниот во зоната за испаѓање. Борбата за опстанок во Англија ќе биде исклучително неизвесна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ