„Јавно ги повикуваме градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, и надлежните служби во Општина Дебар во најкус можен рок да ги отстранат овие провокаторски симболи, а воедно и јавно да го осудат присуството на фашистички симболи во јавниот простор.
Ова дело го претставува само последниот акт на отворено глорифицирање на симболи, кои се повикуваат на екстремно застапената фашистичка идеологија и со тоа директно задираат во и така кревките меѓуетнички односи во Македонија.
Овој чин поттикнува целосно непотребна омраза во една од малкуте преостанати општини во кои несегрегирано живеат повеќе етникуми.
Популарноста на ваквата иконографија нас како партија не нè изненадува, бидејќи, за жал, во Македонија постојат повеќе политички субјекти кои се претставници на фашистичката идеологија особено во т.н. албански блок. Станува збор за коалицијата Европски Фронт предводена од терористичката ДУИ, како и коалицијата Вреди која ја сочинуваат, исклучиво, необалистички партии.
Ја потсетуваме јавноста дека Левица уште во 2022 година во Собранието на Република Македонија поднесе предлог-резолуција против глорификација и рехабилитација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, но очигледно е дека до ден денес оваа резолуција се чува во фиока“, се вели во соопштението на Левица.
Левица: Градоначалникот на Дебар да ги отстрани исцртаните фашистички симболи
На едно од најфрекфентните места во Дебар, експлицитно се исцртани фашистички симболи, за што апелираме до градоначалникот на Дебар – нивно итно отстранување. Станува збор за графити со карта на балистичката творба „Голема Албанија“, како и кукаст крст или „свастика“ – симболот на нацистичка Германија, кој претставува универзален симбол на фашизмот. Графитите се исцртани на веќе иронично наречената улица „Братство-Единство“, се вели во денешното соопштение на Левица.
Објавено на
часот