петок, 18 октомври 2024
НБА

Лејкерс убедливо го победи Голден стејт и го врати водството (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шампионот доживеа дебакл на првиот меч во Лос Анџелес каде загуби со 30 поени разлика, кошаркарите на Лејкерс беа подобри и заслужено дојдоа до триумфот.

Првата четвртина не наговестуваше таков развој на настаните, неа ја доби Голден стејт со 30-23, но потоа се беше во знакот на Лејкерс кои уште на полувремето поведоа со 59-48. До крајот само ја зголемуваа предноста за конечни 127-97.

Ентони Дејвис имаше дабл-дабл учинок со 25 поени и 13 скокови, Леброн и Расел постигнаа по 21 поен, кај Голден стејт, Кари реализираше 23 поени.

Убедлив беше и Мајами кој со 105-86 го победи Њујорк и поведе со 2-1. Батлер беше најефикасен во 28 поени, кај Њујорк Брансон постигна 20.

Резултати: Мајами – Њујорк 105-86 (2-1), ЛА Лејкерс – Голден стејт 127-97 (2-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ