Дали луксузното ауди кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови? Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата? Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски?
ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот.
Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати“, рече Лефков.