петок, 18 октомври 2024

„Ледената грозница“ го збудале Загреб

Објавено на

часот

Сподели

А дека тоа не е мала работа кажува податокот дека цените за место на трибините на некој од седумте предвидени меча во загребачка Арена се движи од 50-100 куни, односно од седум до 14 евра. Грубата процена вели дека управата на Медвешчак за време на таканаречената „ледена грозница“ (ајсфивер) само од билети ќе заработи околу еден милион евра, сума на кое можат да им забележат многу фудбалски прволигаши не само во Хрватска, туку и пошироко. За македонските клубови, пак, без разлика во кој спорт, тоа е сума што можат да ја сонуваат не само за седум меча туку за сите натпревари во една, па и повеќе сезони.

Серијата натпревари, која почнува денеска  во 17.30 часот со мечот против словенечкиот тим Јесенице, „мечките“ од Загреб ќе ги играат на специјално поставената ледена подлога во новоизградената мултифункционална Арена, чиј капацитет е 15.000 гледачи. Тоа значи дека неколку дена пред почетокот на „грозницата“ повеќе нема билети во слободна продажба.

„Искрено, пред три години ниту во најлудите сонови не можевме да замислиме дека во период од 14 дена ќе успееме да доведеме 100.000 гледачи на средбите на Медвешчак. Ова ќе биде спектакл достоен не само на врвните европски пресметки, туку и на мечевите од најсилната хокејска лига на светот, американско-канадската НХЛ-лига“, вели Дамир Гојановиќ, претседателот на Медвешчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ