недела, 22 септември 2024

Лавров: Русија е спремна за војна со НАТО на Арктикот

Русија е целосно спремна за конфликт со НАТО на Арктикот, предупреди министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. „Гледаме дека НАТО ги засилува вежбите поврзани со можна криза на Арктикот“, кажа Лавров. „Нашата земја е целосно спремна да ги брани своите интереси воено и политички“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Арктикот е најсеверната точка на Земјата и вклучува територија на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Канада, Соединетите Американски Држави, Исланд и Русија. Сите земји освен Русија се членки на  НАТО.

Финска во април минатата година влезе во западниот воен пакт како реакција на конфликтот во Украина, а Шведска го направи истото во март оваа година.

Лавров истакна дека „Арктикот не е територија на Северноатлантската алијанса“ и додаде дека други земји, како Кина и Индија, имаат интереси во тој регион. Еден од највисоките руски дипломати минатата година изјави дека Финска „прва би настрадала во случај на конфликт на НАТО и Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ