понеделник, 14 октомври 2024

Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар

Клиничка болница – Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целa Источна Македонија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Директорот Захариев вели дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

„Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица – ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион“, рече Захариев.

Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион.

Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар во Штип, но, досега не е отворен, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасуваат во сите одделенија, а ист е и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ