Ова го соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Министерот уште еднаш ја истакна важноста од строго почитување на принципот на непристрасност на раководството и сите вработени во Секретаријатот на ОН“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по средбата меѓу Лавров и Гутереш, пренесува ТАСС.
Покрај тоа, Лавров и Гутереш разговарале за актуелната геополитичка ситуација, вклучувајќи ја и ситуацијата на Блискиот Исток.
„Посебно внимание беше посветено на различните аспекти на соработката меѓу Русија и ОН. Двете страни изразија желба за дополнително зајакнување на конструктивната интеракција меѓу Русија и ОН“, се наведува во соопштението.