„Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави“, рече тој, уверувајќи дека Москва ги предупредила САД, Обединетото Кралство и Франција за тоа. „САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици“, предупреди тој.
Во мај, САД одобрија испорака на авиони Ф-16 за Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина во вторникот соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.
Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомското оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што му се заканува на самиот опстанок на државата“.