По освоената титула во Ла Лига, претседателот на Барса, Жоан Лапорта потврди дека работат на ангажман на Лео Меси кој ова лето како слободен играч би можел да се врати на Камп Ноу.
„Ќе направиме сѐ за да го вратиме Лео Меси во Барселона“, кратко изјави Лапорта.
И потпретседателот на Барса, Рафа Јесте вели дека би сакал Меси да се врати во клубот.
„Меси? Тој е многу добар пријател со голем број од момците тука кои ја славеа титулата, сигурен сум дека е многу среќен. Би сакал да го видам Меси назад во Барса“, вели Јесте.