Ѓоковиќ важеше за голем фаворит на „Српска Опен“, турнирот кој се одржува во Бања Лука, но не успеа да го освои. Пред него се испречи Душан Лајовиќ.
Лајовиќ првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк кој го доби со 7-6 (8-6). Ѓоковиќ имаше три сет поени, но не успеа да го земе сетот.
За пласман во големото финале Лајовиќ ќе игра против подобриот од мечот Кецмановиќ – Лехечка.