понеделник, 18 ноември 2024

Курти по меѓувладината седница на Македонија и Косово: Меѓуетничките разлики не создаваат конфликт

На прес-конференецијата по денешната заедничка седница на владите на Македонија и Косово во Приштина, косовскиот премиер Курти, одговарајќи на новинарско прашање рече дека не верува дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт, туку дека може да има политички центри кои ги користат етничките разлики.

Објавено на

часот

Сподели

„ Јас не верувам дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт. Може да има политички центри кои за власт, за хегемонија, за доминација, за репресија ги користат етничките разлики, но етничките разлики како такви не произведуваат конфликт и секаде на Балканот ги имаме работејќи, граѓаните од различни етнички потекла, соработувајќи, тргувајќи, студирајќи заедно…И јас не верувам дека во нашиот Балкан има такви аспекти кои можат етничките разлики да ги направат конфликтни. Може да има желби, но не верувам дека има етаблирани концепти како што беше во минатиот век кога и се експлоатираа, посебно од официјален Белград меѓуетничките разлики за да се предизвикаат крвави војни во регионот, кој има за цел голема Србија од таа сè помала Југославија“, рече Курти.

Македонскиот премеир Христијан Мицкоски на истото прашање одговори дека „ етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои решаваат реални проблеми за реалните потреби на граѓаните“.

„ Тогаш тие не знаат како да привлечат внимание и на тој начин преку политички егзибиоцинизам се одлучуваат да анимираат публика. Ние сме тука да разговараме за транспортни, економски, за образование итн. Тоа е она што нè поврзува и што во иднина треба да додаде вредност во квалитетот на живот на нашите сограѓани. Многу беа инспиративни говорите на членовите на двете влади. Точни, прецизни со јасни поставени цели и очекувам во иднина така и да продолжиме да функционираме“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ