недела, 1 декември 2024

Кулеба: Во Турција сакав да му удрам бокс на Лавров, Захарова: Нека оди да се бори

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, во интервју објавено во понеделникот, рече дека имало моменти кога чувствувал потреба да му удри тупаница по носот на својот руски колега Сергеј Лавров во разговорите во раните фази на руската инвазија во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изјавите на Кулеба се дел од едночасовното неформално интервју со украински видеоблогер во кое разговараат за различни теми, од готвење до хоби и украински фудбал.

Запрашан, како дел од серија брзи прашања, за неговата најтешка серија преговори, Кулеба рече: „Најтешки разговори се оние кога едноставно се чувствувате како да сакате да отидете и да го удрите противникот по нос, но реално не можете.”

Тој продолжи: „И можам да кажам дека тоа се случи два или три пати. Еднаш беше со Лавров во Анталија во пролетта 2022 година“.

Во Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека последните изјави на Кулеба ја нагласуваат неспособноста на украинското раководство.

„И тоа е проблемот: необразовани, агресивни луѓе се регрутираат под маската дека служат како министри за да ја уништат Украина за американски пари“, изјави Захарова за дневниот весник Известија.

„Можеби нему местото му е во безмилосна битка, а не во Министерството за надворешни работи?“, рече таа.

Украинските и руските преговарачи се сретнаа на неколку рунди разговори во првите недели по инвазијата во февруари 2022 година – прво во близина на границата на Украина со Белорусија, а подоцна и во Турција.

Кулеба тогаш изјави дека преговорите во Турција биле тешки и дека се разговарало за прекин на огнот и уредување на хуманитарните коридори. Во тие разговори не беше постигнат договор и оттогаш нема никакви преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ