Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле кривично дело фалсификување пари, така што во месец февруари стапиле во контакт со скопјанец кој им понудил фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18.000 денари од истиот купиле девет фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.
„Во февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите им е определен 30 дневен притвор“, се наведува во соопштението од МВР.