петок, 13 декември 2024

Црн чад во центарот на Штип од запалената стара депонија

Гори старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите, или местото познато како кај „Крстот“.

Објавено на

часот

Сподели

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов за МИА вели дека во моментов пожарот на депонијата го гаснат пет пожарникари со две противпожарни возила. Пријавата до нив е пристигната во 15.30 часот и веднаш се упатиле да го гаснат пожарот.

На оваа депонија е дозволено да се депонира само градежен шут, но несовесни граѓани во потрага по старо железо и друг вид на отпад ја потпалуваат. Црниот чад кој доаѓа од оваа депонија се гледа и од центарот на градот Штип.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ