петок, 6 декември 2024

СДСМ најавува законска иницијатива, државните функционери да имаат само македонско државјанстово

Опозициската партија СДСМ денеска најави дека ќе поднесе иницијативата за законски измени во Собранието со кои ќе се постави јасен услов: премиерот, вицепремиерите, министрите, пратениците и претседателот на државата да бидат лица кои имаат само македонско државјанство.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие измени ќе бараме да важат веднаш и за актуелниот состав на Владата. Лојалноста кон народот и кон иднината на нашата земја е основен предуслов за секој кој бара доверба и ја има одговорноста да управува со државата. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот и државата. Ги повикуваме Христијан Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ да ја прифатат оваа иницијатива со која ќе ги осигуриме институции дека ќе ги водат луѓе кои искрено стојат зад оваа држава, и луѓе кои не се под влијание на други држави“, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека оваа иницијатива за законски измени е „инспирирана“ од „скандалот со Сања Божиновска (министерката за енергетика) која неколкупати ги излажа граѓаните за нејзиното бугарско државјанство како и за вистинските мотиви да го побара истото“, што според СДСМ, „го покажува лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ