четврток, 12 декември 2024

Зеленски апелираше до сојузниците да дејствуваат поради севернокорејските трупи во Русија (ВИДЕО)

Претседателот Володимир Зеленски ги повика сојузниците на Украина да престанат само да го „набљудуваат“ присуството на севернокорејските трупи во Русија и да преземат мерки пред да почнат тие да учествуваат во борбите против Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото објавено на Телеграм, Зеленски рече дека Северна Кореја напреднала во однос на своите воени способности, распоредувањето на проектили и производството на оружје и дека „сега, за жал, ќе научи модерно војување“.

„Првите илјадници војници од Северна Кореја се во близина на украинската граница. Украинците ќе бидат принудени да се бранат од нив“, рече Зеленски.

„И светот повторно само ќе гледа“, додаде тој.

Зеленски истакна дека Украина има точни податоци за сите локации каде се распоредени севернокорејски војници во Русија.

Но, како што наведе тој, западните сојузници не ѝ дадоа на Украина оружје со долг дострел потребно за напад на тие цели.

„Наместо толку потребните капацитети за долг дострел, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа“, рече тој.

„Секој во светот кој навистина сака руската војна против Украина да не се прошири, не смее само да гледа. Мора да дејствува. Зборовите за неприфатливоста на ескалацијата и проширувањето на војната мора да бидат придружени со акции“, додаде тој.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот изјави дека има 10.000 севернокорејски војници во Русија, вклучувајќи дури 8.000 во јужниот регион Курск, каде што украинските сили извршија инвазија во август.

Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи во петокот му рече на својот руски колега Сергеј Лавров дека нејзината земја ќе ја поддржува Русија се додека не постигне победа во војната против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ