четврток, 21 ноември 2024
Обвинувањата против директорот на АНБ не престануваат

Кривична пријава против Бојан Христовски најави СДСМ

МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот партиски директор на Агенцијата за национална безбедност со што директно се ставаат во негова заштита, реагираат од СДСМ и додаваад дека пчигледно МВР и Тошковски имаат селективен пристап и двојни стандарди кога функционерите на власта се во прашање.

Објавено на

часот

Сподели

„Како поинаку може да се толкува тоа што МВР во април оваа година поднела кривична пријава против 44 годишна жителка на Велес поради ‘употреба на исправа со невистинита содржина’ односно TOEFL (ТОЕЛФ) сертификат за познавање англиски јазик од Пловдив Бугарија. А молчи и не презема ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски кој исто така има сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, иако во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL? МВР и Тошковски по овој пример од Велес треба да поднесат кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик. Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски“, се вели во реакцијата на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ