петок, 18 октомври 2024

Конечно мирна етапа на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Етапата од Сан Хуан до Челесито, долга 750 километри, од кои 326 километри специјал, заврши триумфално за шпанскиот мотоциклист Марк Кома и за францускиот возач Стефан Петерхансел.

Кома кај мотоциклите до победата дојде со време од 4,16 часа и со две минути предност пред Сирил Деспре од Франција, по што ја намали предноста на Фран
цузинот во генералниот пласман.

Кај автомобилистите победа забележа Петерхансел, кој има најмногу етапни победи во историјата на релито Дакар. Францускиот ас до победата стигна со време од 3,49 часа, што за пет минути беше подобро од времето на второпласираниот Орландо Теранова.

Следната етапа на релито е во должина од 416 километри за мотоциклистите и 363 километри за автомобилистите, а се вози од Челесито до Фијамбале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ