петок, 18 октомври 2024

Кома ја намали предноста на Деспре

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот мотоциклист Кома ја намали предноста на Французинот Деспре на под осум минути, откако триумфира на етапата. Кома со над две минути триумфира во осмата етапа пред Деспре, а трет на етапата беше Португалецот Конкалвеш, кој имаше заостаток од 46 секунди зад Деспре.

Кај автомобилите, поранешниот победник на релито Дакар, Ал Атијах имаше фантастичен настап, и победи на етапата со над седум минути предност пред Американецот Роби Гордон, додека водечкиот во генералниот пласман Стефан Петерхансел заврши трет со 23 секунди зад Гордон.

Петерхансел има 11 минути предност во генералниот пласман пред Полјакок, Криштоф Холовиц, кој беше четврти на етапата, а трет е Гордон со 13 минути заостаток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ