петок, 8 ноември 2024

Кој треба да го предложи техничкиот премиер – партијата или коалицијата со најмногу пратеници?

Политичкиот договор меѓу ДУИ и СДСМ е базиран на Уставот. Наместо најголемата партија, премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници, вели Талат Џафери, кој е предложен за технички премиер. Наспроти него, Игор Јанушев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека според законот партијата со најголем број пратеници го предлага техничкиот премиер

Објавено на

часот

Сподели

Нема ништо противуставно во тоа ДУИ да ја предводи функцијата премиер на техничка влада. Законот вели партијата со најголем број пратеници, но согласно Уставот, Влада или премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници. Значи иако во Законот за Влада така пишува, Уставот дава можност премиер да биде предложен од коалицијата која има 61 или повеќе пратеници, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21.

Џафери е предложен од ДУИ и поддржан од СДСМ за премиер на техничката влада, сто дена до парламентарните избори.

Во однос реакциите од ВМРО-ДПМНЕ за предлогот тој да биде технички премиер Џафери рече: „ВМРО-ДПМНЕ го прифати Талат Џафери за министер за одбрана во 2013, зошто би имале против да ме прифатат за премиер“.

Многу интересно“ како в.д. премиеров чита „селективно“, вели Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, т.н. „техничка влада“ за организација и спроведување на изборите е регулирана во глава XIII од Законот за Владата на Република Македонија. Спорно во неговите изјави (покрај се останато штом уста отвори) е тоа што главата XIII започнува со член 43 кој Ковачевски го игнорира. Во членот 43 е наведено: сто дена пред одржување на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број на пратеници во Собранието. Ковачевски, која е партијата со најголем број пратеници во Собранието“, прашува Јанушев.

Во овој пратенички состав во Собранието ВМРО-ДПМНЕ има најголем број пратеници (39), СДСМ има 31, а ДУИ 13 пратеници.

Инаку, Мкд.мк уште пред три недели во текст на тема техничка, односно пржинска, влада, пишуваше дека во Законот за Влада е наведено дека премиерот на 100 дена пред избори го номинира партијата со најголем број пратеници, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш немаше реакција од опозициската партија. Напротив, во сите изјави и од власта и од опозицијата како логично да беше дека власта е таа што продолжува да ја раководи Владата до избори и како логично да беше коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ од 2020 да биде испочитуван и општо прифатен од сите партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ