Поранешната македонската атлетска репрезентативка, шампионка и рекордерка на Македонија во маратон, полумаратон и трка на 10.000 метри, Весна Кираџиева вели дека МОК нема никакви ингеренции да казнува и да суспендира спортисти. Според неа, одлуката која ја донела дисциплинската комиција на МОК е сосема неважна.
1) МОК има апсолутно 0 ингеренции врз спортот за да дава сузпензии или било какви казни или награди, а сигурно не за тоа дали некој може да врши дејноста спорт;
2) Распоред на ингеренции во спорт се АМС> Федерации>Клубови; суспензија може да изречат федерации или клубови, дефинитивно не МОК која е некој странична постава со исклучива надлежност за олимписки кандидати и нивно стипендирање (може само олимписка стипендија да му укине, ама и тоа не на овој начин);
3) МОК не е суд, па да одлучува за тоа дали некоја изјава е клевета или не, па згора на тоа да си носи судови и санкции кои не се ни во нивна надлежност, со ова темпо на однесување „ќе си искуцаме ние одлука и мора да се реализира“, утре ќе си искуца кривична одговорност и ќе ја достави како валидна – крајна неписменост – Статутот и деловниците на МОК е за нивна внатрешна употреба, не за национална;
4) Има надлежен суд (доколку испрдокот на Заев, Димевски, смета дека нечија изјава е лага и клевета), откако по судски пат ќе се разреши случајот, и само доколку се испостави дека се работи за клевета со судска одлука, после може испрдокот северџански да си поднесе жалба и преку АМС и федерацијата под чие име настапува спортистот, да бара санкции. Значи, да бара, тоа не значи дека мора и да му се одобри жалбата.
5) Спортистов си има партија позади него, се надевам во тоа Депемене-то има некој барем полуписмен да си преземат акција. Ја не го пишувам ова за да го бранам него, чисто ми смета неправда кон спортисти и крајна неписменост од недоквакани корумпирани квази функционери.
За карактерот на спортистот кој е во прашање, не говорам тука, иако се наметнува како кандидат на партијата за претседател на МОК или алтернативно следен директор на АМС.
П.С. – ова е линк до пусулчето, кое во печатена форма може да се користи како тоалетна хартија, пошто нема никаква правна моќ. (ЛИНК).