среда, 26 јуни 2024

Кина изгасна пожар со дожд од вештачки облаци

Пожар во северната кинеска провинција Шанси е изгаснат по неколкудневните напори на пожарникарите, со помош на вештачки дожд создаден со техниката „сеење облаци“, соопштија локалните власти.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите во гаснењето на пожарот наидоа на потешкотии поради стрмниот терен, високите температури и ветерот, поради што локалните власти во саботата навечер одлучија да спроведат операција „сеење облаци“ со цел да предизвикаат дожд, јавува кинеската новинска агенција Синхуа.

Повеќе од 2.200 пожарникари со опрема учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, што избувна во средата, соопшти штабот за вонредни случаи на градот Линфен.

Пожарот во планинска шума во округот Анзе најверојатно бил предизвикан од удар на гром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ