Ивановски како четврти носител беше благ фаворит против турскиот тенисер Киркин кој беше петти носител, но Македонецот не го почна најдобро мечот.
Киркин го доби првиот сет со 6-3, сепак Ивановски се ослободи повеќе во вториот сет и бодрен од домашната публика го зема со 6-2, со ист резултат го доби и третиот решавачки сет и дојде до победа од 2-1.
Во утршното финале Калин за пехарот ќе се бори против Французинот Саша Вајенбург кој денеска беше подобар од Хрватот Вито Тонјец со 2-0 во сетови.