петок, 8 ноември 2024

Каде завршува македонското донирано оружје за Украина?

Во Европската Унија, по последните информации за тоа каде завршува донираното оружје во Украина, почнува да се зборува за прецизен мониторинг на оружјето и на тоа каде се употребува. Разузнавачките служби на повеќе земји членки на ЕУ известуваат за тоа дека донираното оружје за Украина завршува на црниот пазар, а на тлото на Европа, по избувнувањето на војната во Појасот Газа се зголемува ризикот од напади од страна на радикализираните исламисти воооружени токму со тоа оружје. Дали Македонија го мониторира донираното оружје за Украина?

Објавено на

часот

Сподели

Европските безбедносни служби предупредуваат дека овие добро вооружени етнички криминални заедници во Европа се вклучени во терористички активности во земјите на ЕУ. На пример полицијата во Северна Ирска конфискуваше оружје од терористите на Новата ирска републиканска армија (НИРА), а оружјето било од линијата на фронтот во Украина, пренесоа медиумите. И полицијата од Шведска и Финска известува за тоа дека украинско оружје било фатено кај криминалните мигрантски банди.

Шефот на Интерпол Јирген Шток предупредува дека илегалниот пазар со оружје е веќе преплавен. Националното истражувачко биро на Финска тврди дека нивната полиција открила канали на криумчарено оружје од Украина кое завршило во Африка.

И Македонија е еден од донаторите на Украина со оружје. Освен тенковите, досега не беше соопштено што сè досега Македонија испрати како донација во оружје во Украина. Но прашањето за мониторингот на ова оружје го поставивме до македонското Министерство за одбрана.

Имаме редовна комуникација со военото аташе на Украина во Република Северна Македонија. При посетата на министерката за одбрана во февруари оваа година на Киев, од страна на тогашниот министер за одбрана на Украина ѝ беше презентиран систем на следење на донациите, односно преглед како и каде се користела опремата која дотогаш сме ја донирале, како и плановите за опремата која била побарувана и ќе биде побарана во иднина. Од информациите со кои досега располагаме се покажува дека донираната опрема и вооружување се користат согласно целите за кои биле побарани“, ни одговорија од Министерството за одбрана.

Но, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој е и член на собраниската Комисија за одбрана, вели дека Собранието нема никакви информации во врска со ова.

Кога на Македонија ѝ беше најтешко и беше нападната во 2001 година, Украина беше државата која не стави вето за извоз на оружје за нашата држава. Исто така, секоја држава има право да се брани и да очекува поддршка од државите на кои им е важно меѓународното право и поредокот базиран на правила кои се договорени помеѓу големите сили после Втората светска војна. Токму затоа, Македонија треба да ѝ помогне на Украина со тоа што може, но истовремено мора да најде начин да го надополни оружјето и опремата на ист начин како што тоа го прават другите држави. Јас како пратеник немам информации за тоа како и каде се употребува донираното оружје.

Впрочем, како пратеници и членови на Комисијата за одбрана, воопшто не сме информирани за донираната опрема и оружје и за истото се информираме од медиумите“, ни изјави Ковачки.

Европол уште лани во април соопшти дека нивните истраги покажале дека трговијата со оружје од Украина за снабдување на организирани криминални групи почна и претставува потенцијална закана за безбедноста на ЕУ. „Првично, украинските власти водеа регистри на огнено оружје предадено на цивили, но оваа практика беше напуштена бидејќи војната напредуваше и огненото оружје се дистрибуираше без евиденција“, се вели во извештајот.

Ова прашање беше покренато дури и во ОН. Во август годинава на брифинг во Советот на безбедност на ОН беше кажано дека дел од оружјето пренесено во Украина завршува на црниот пазар, кај нарко-картелите, криминалните организации и „неонацистичките и фашистички елементи од кои многу денес се дел на украинските вооружени сили“.

„Земјите на НАТО на Украина ѝ дадоа оружје вредно повеќе од 40 милијарди долари, а сведоци сме дека ова оружје всушност ја спречува можноста за преговарачко решение на конфликтот“, беше кажано пред Советот за безбедност на 17 август.

                                                                                                                                                   А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ